Соопштение за јавност
„Докажавме дека во бизнис секторот гледаме партнери со кои носиме успешни економски политики. Растот на бруто домашниот производ е доказ дека растат и компаниите. Сите политики за развој на економијата, за раст на платите ги донесовме во преговори каде беа вградени мислењата и ставот на компаниите”, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на средба со претставници на бизнис секторот од индустриската зона во Визбегово на која присуствуваа и потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.
На средбата со претставници на компании од трговска, производствена и извозна индустрија кои работат во зоната Визбегово, беа потврдени уште еднаш заложбите на Владата предводена од СДСМ за креирање стабилен амбиент за бизнис секторот и покрај пандемијата.
„Покажавме посветеност индустриската зона Визбегово да ја преземе дирекцијата на ТИРЗ. Со статус на ТИРЗ државата добива надлежност да инвестира во зоната, на канализационата мрежа и мрежата за водоснабдување. Имаме еднаков пристап кон домашните и странските инвестиции и слух за предизвиците од пандемијата”, рече претседателот Заев.
На средбата, беше поздравена соработката и отвореноста на централната власт за сите предизвици со кои се соочуваат компаниите во зоната, каде се инвестирани околу милијарда евра.
Исто така, тесната соработка со локалната власт особено во донесување на ДУП-от за изградба на функционален булевар за сите компании.
Патот е од голема важност и за граѓаните бидејќи поврзува со соседно Косово.
На крај претседателот Заев им порача на компаниите да продолжат да работат и развијат, бидејќи заедно со нив расте и се развива државата.
„Државата е исправена пред економски раст бидејќи сите други стратешки прашања се веќе решени. Сме полноправна членка на НАТО а со отворањето на поглавјата на патот кон европската интеграција ќе ги отвориме и економските фондови, со што ќе станете поконкурентни во регионот и европскиот пазар”, заклучи претседателот Заев.