fbpx

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе обезбеди недела неработен ден и повисоки плати за работниците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ и парламентарното мнозинство во континуитет покажуваат дека се на страната на работниците.

Оттаму, целосно го разбираме барањето на Сојузот на синдикати за деблокирање на законите кои се во интерес на работниците.

Работниците со право бараат заштита, а СДСМ и стабилното парламентарно мнозинство се единствената опција за заштита на работничките права.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе ги исполни барањата на синдикатите и работниците.

За недела неработен, за повисока минимална плата, единствено решение е ново парламентарно мнозинство и Влада предводени од СДСМ и тоа ќе се случи во следниот период.

Блокадите и опструкциите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени, СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден и повисоки плати за работниците и како и досега ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните.

Последни вести