fbpx

Фактите потврдуваат, лица блиски до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се вмешани во аферата со криминални парцели

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наспроти празните зборови на Мицкоски фактите потврдуваат дека скандалот „Криминални парцели“ тежок 1.6 милиони евра, води до Белиот дворец.

Факт е дека телохранител на Мицкоски, Влатко Илиевски, е дел од препродавањето земјиште во Делчевско. Неговиот договор тежи неверојатни 500.000 евра.

Факт е дека меѓу лицата кои продавале земјиште по 40 пати повисока цена од пазарната е Дарко Т. поранешен советник во општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Факт е дека во аферата се вмешани и поранешниот претседател на УМС, Игор Г, но и татко на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се заеднички именител на сите овие имиња.

Очекуваме истрагата што ја водат надлежните институции да ги даде сите одговори, сите детали за овој огромен, милионски скандал.

Последни вести