fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со лаги и манипулации ја покриваат својата безидејност и неспособност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

 

 

 

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со лаги и манипулации ја покриваат својата безидејност и неспособност, граѓаните не дозволуваат да бидат излажани, им веруваат на институциите
 

Лаги, манипулации, неосновани обвинувања и ширење страв и паника се единствените политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во овој тежок период за сите граѓани, ВМРО ДПМНЕ единствено што знае да прави е да смислува деструктивни сценарија против доктори, против министри и други кои директно се вложуваат во решавање на кризата и прават се за да го заштитат здравјето на граѓаните.

 

Деманти добиваат од сите страни, граѓаните ги препознаваат нивните лаги, ООН ги демантира и ги обвинува дека лажат, а тие и понатаму со лажни вести сакаат да ја прикријат својата неспособност и безидејност.

 

Во обид да го минимизираат успехот на државата, деновиве ВМРО ДПМНЕ ги таргетираше двете министерства клучни во макотрпната работа за денес нашата земја да биде членка на НАТО и да отпочне преговори со Европската Унија, а сега и клучни министерства во борбата против коронавирусот.

 

Со нивната смислена пропаганда отидоа до таму што сакаа граѓаните да им поверуваат дека двајцата министри, Радмила Шекеринска и Никола Димитров трошеле пари на патувања во време на светска пандемија и затворен аеродром. 

 

Но, ВМРО ДПМНЕ забораваат дека Владата предводена од СДСМ сите трошоци на министрите јавно ги објавува, за разлика од нивната Влада која ги направи класифицирани и тие беа најголема тајна за граѓаните.

 

На ВМРО ДПМНЕ, на сеачите на страв и паника, ништо не им успева! Тие се поразени! 

 

Граѓаните ги препознаваат нивните лаги и им свртеа грб на лажните вести.

 

Денес, точните информации се шират побрзо и помасовно од било кога досега! 

 

Граѓаните им веруваат на институциите и вистината ја споделуваат од човек на човек, на социјалните медиуми и им даваат целосна поддршка на институциите кои се транспаренти и имаат постојана комуникација со јавноста. 

 

ВМРО ДПМНЕ се осамени во своите лаги, во обидите профитираат политички во оваа криза.

Последни вести