fbpx

Мисајловски е осуден насилник, кадар на режимот и десна рака на Јанакиески, ВМРО-ДПМНЕ се уште е раководена од Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителот на листата на ВМРО- ДПМНЕ за втората изборна единица, Владо Мисајловски е криминална инсталација во партијата на Никола Груевски. Тој како министер за транспорт и врски во режимските години има одговорност за пустошот што ВМРО-ДПМНЕ го остави во инфраструктурата.
 
Мисајловски не е нов кадар на ВМРО ДПМНЕ, туку му има слугувано на режимот и криминалот цела деценија, и како Државен секретар во Министерството за надворешни работи, а потоа и во Министерството за транспорт и врски, и како директор на ЈП „Државни патишта“.
 
Оттаму, на истрошениот кадар Мисајловски му се одблизу познати криминалните шеми за владеење, крадењето милиони народни пари, претворањето на граѓаните во гласачки послушници и методите за инсталирање и одржување режим.
 
Затоа овој кандидат на ВМРО ДПМНЕ не може ниту да ветува, ниту да исполнува. Тој нема капацитет да се грижи за доброто на граѓаните и да ја развива државата, тој само може одново да се вклопи во криминалниот мозаик на Никола Груевски.
 
Кадарот на груевизмот кој застапува антиевропски ставови е познат и докажан губитник на избори. Во 2017 година беше поразен на локалните избори во Ѓорче Петров. Сега на 12-ти април му претстои уште еден, поголем пораз, од сите граѓани во втората изборна единица.   
 
Граѓаните знаат кој концепт да го изберат. Тие сакаат сигурна иднина, европска држава и силна економија, тоа што им го нуди СДСМ со коалицијата. Затоа на 12-ти април народот ќе го каже последниот збор против криминалците и насилниците, каков што е Мисајловски за кого е потврдено и со судска пресуда за нанесени тешки повреди.
Последни вести