fbpx

Арсовска не предвидела ниту денар за справување со енергетската криза, таа не може да ги реши проблемите на скопјани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Данела Арсовска секојдневно покажува елементарно непознавање на ингеренциите на градоначалникот и Советот на Град Скопје.

Таа не предвидела ниту денар за Буџетот за 2022 за справување со енергетската криза и за затоплување на скопјани, а нејзиниот одговор дека не можела да го врати времето назад е грубо потценување на граѓаните на Скопје.

Без срам и перде за три пати го намали буџетот за животна средина, неколкукратно го намали буџетот за субвенционирање за набавка на инвертори, а сега Арсовска бега од предизвиците што ги носи енергетската криза.

За се што е во интерес на граѓаните Арсовска се иззема и вели дека не е надлежна. Тоа нечесен и неодговорен однос кон градот и неговите граѓани.

Очигледно е дека Арсовска не е способна и не може да ги реши проблемите на скопјани па затоа постојано бара оправдување за нејзината неспособност.

Последни вести