fbpx

Битиќи за „Утрински брифинг“: Членовите на новата Влада на СДСМ ги одликува чесност, личен интегритет и мотивација за испорака на резултати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи при гостувањето во „Утрински брифинг“ истакна дека основниот принцип членовите на новата влада предводена од СДСМ се чесноста и личниот интегритет на секој еден поединец.

Во новиот состав на владата има докажани но и нови лица, коишто ги имаат овие особини, чесност и личен интегритет, како и мотивација да променат, суштински да се зафатат со проблемите и да испорачаат резултати во интерес на граѓаните, нагласи Битиќи.

Тој додаде дека секоја личност, во една организација, како што е владата носи нова енергија за промена и подобар резултат.

Промените во новата влада треба да ги гледаме како добра можност во наредните 2,5 години да се продолжи со испорака на резултати, ефикасност во владеењето и одговорност, нагласи потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи за „Утрински брифинг“.

Последни вести