fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може се помири со ефикасната и неселективна борба на полицијата против криминалот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што полицијата ефикасно и неселективно се бори против секаков вид криминал.

Официјални податоци ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

За само два месеца запленети околу 1.2 тона психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност од околу 200 милиони евра.

За само два месеца запленети над 2 тона марихуана со вредност од околу 4,5 милиони евра а постојано се приведуваат крадци, разбојници, дилери, криминалци барани со потерници.

Се постапува и се апсат лица за корупција како што беше вчерашниот случај со инспекторката во Инспекторатот за земјоделие во Прилеп.

Граѓаните се чувствуваат безбедни и тоа го покажуваат сите анкети каде расте довербата во полицијата, а Северна Македонија е најбезбедна земја во регионот, покажуваат релевантни меѓународни истражувања

Ваквата силна борба против криминалот очигледно и пречи само на ВМРО-ДПМНЕ, партијата заштитник на криминалците.

Последни вести