fbpx

ВМРО ДПМНЕ лаже, не може да се помири со 250 милиони поддршка за земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Истото ВМРО-ДПМНЕ, што го газеше трудот на земјоделците, не ги исплаќаше редовно субвенциите и ги користеше за уцена, сега продолжува да манипулира и да покажува лажна загриженост за земјоделците.

ВМРО-ДПМНЕ со своите погубни политики остави 350 милиони евра неисплатени субвенции кои ги исплати Владата предводена од СДСМ.

Додека ВМРО-ДПМНЕ критикува и прави опструкции, СДСМ работи во интерес на земјоделците.

Во изминатите години средствата за финансиска помош за земјоделците редовно се зголемуваат, а исплатата на субвенциите е неселективна, редовна и навремена, а сега во време на криза се зајакнува.

Владата предводена од СДСМ воспоставува Интервентен фонд ос 250 милиони денари нова финансиска помош за земјоделците, кои се соочуваат со со потешкотии во производството.

СДСМ во изминативе години покажа на дело што значи вистинска грижа за земјоделците, а ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за лицемерен и потценувачки однос кон земјоделците.

Земјоделците ја чувствуваат разликата и затоа не им веруваат на лагите од ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести