Соопштение за јавност
државата стана лидер во енергетиката
Владата во мај 2018-та го донесе европскиот Закон за енергетика, пред еден месец, први во регионот донесовме Стратегија за енергетика, а денеска во парламентот беше изгласан Законот за енергетска ефикасност. Овие документи преставуваат клучни во остварувањето на целите на државата во полето на енергетиката. Законските решенија и Стратегијата носат намалени сметки за струја на граѓаните, ја поттикнуваат економијата и ја заштитуваат животната средина- ова е дел од дискусијата на Александар Дединец од МАНУ, како еден од говорниците на трибината на СДСМ- Агенда 20-24/ Енергетика, во Битола.
„Ќе се фокусирам на два сегмента од Законот за енергетика, кои драстично ја променија состојбата во енергетиката, со што станавме лидери во областа во регионот, а тоа се обновливите извори на енергија и правата на ранливите потрошувачи на струја. Направивме модел со кој инвеститорите во новите извори на енергија, самите ќе изградат капацитет за производство на струја, самите ќе продаваат струја, а субвенции ќе имаат од државата, а не од граѓаните преку сметките. Секако дека и парите во буџетот се на граѓаните, но преку сметка сите плаќаат идентично, а во буџетот секој различно придонесува, па оттаму правиме и социјална правда“- објасни Дединец.
Во однос на ранливите потрошувачи се предвидуваат субвенции за нови прозори, за нови инвертер клима уреди, како и забрана да се исклучат од системот за струја во текот на зимските месеци за неплатени сметки.
„2018-та година беше навестување дека во 2019-та ќе се случат крупни промени во македонскиот енергетски сектор. И во 2019-та не прогласија за лидери. Придонес кон тоа има и Стратегијата за енергетика чија уникатност е во тоа дека на едно место се опфатени сите аспекти, како да ги ублажиме последиците од климатските промени, како да ја заштитиме животната околина и како да создадеме најдобра ефикасност. Имаме пред нас големи инвестиции, но секогаш е така на почеток кога почнуваме со крупни реформи, но потоа државата ќе штеди, граѓаните ќе плаќаат помалку, а природата ќе остане недопрена. И целиот овој процес на крајот носи и подобрување на економските перформанси на државата, што не одново не прави лидер во опкружувањето- аргументираше Дединец од МАНУ.