Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која има кредибилитет да зборува за платите во образованието.
ВМРО-ДПМНЕ со години ги малтретираше и уценуваше наставниците и професорите, го потнеценуваа нивниот труд, а растот на платите беше мисловна именка.
Во периодот од 2011 до 2016 година за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ платите во образованието пораснаа за само четири отсто.
За разлика од тогаш, во периодот 2017 до 2022 година платите во образованието СДСМ ги зголеми за 21.3 отсто.
Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ објектите на училиштата пропаѓаа додека оваа партија потроши скоро една милијарда евра за лажен барок, бронза и гипс фасади.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која се служеше со притисоци закани и уцени кон наставниците, СДСМ низ дијалог обезбедува повисоки плати и подобри услови за работа на наставниот кадар.