fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение, потврдено со судски пресуди

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Злосторничко здружување, организирано перење пари, незаконското богатење преку криминални Белизе-шеми, изборни измами, криминализација на изборниот процес, се потврдени со судски пресуди и признанија на вина од страна на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

„Титаник“, „Плацеви на Водно“ и бројни принзанија потврдуваат, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, односно класично злосторничко здружение.

После сите овие пресуди и признанија за криминал од енормни размери, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка.

Но тој очигледно го штити криминалот на својот шеф, избеганиот криминалец Никола Груевски, кој е осуден на 11 години затвор во само три предмети, бидејќи додека се правеле криминалите Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту еднаш Мицкоски, ни неговата партија не се оградија од криминалот, не побараа одговорност, ниту пак им се извинија на граѓаните. Типично за едно злосторничко здружение.

Последни вести