Соопштение за јавност
Законот за заем од Светска банка за поврзување на локалните патишта е во насока на подобрување на условите во патната инфраструктура и подобро поврзување на општините и тој е во интерес на сите на наши граѓани, порача пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска на денешната седница.
“Но прашање е зошто овој Закон дури по една година го гледа светлото на денот и зошто токму сега дискутираме по него. Што се смени кај колегите од ВМРО-ДПМНЕ за да овој пат нема да кочи изградба на локална инфраструктура во општините? Тогаш велеа дека се правело ново задолжување, оттука се поставува прашањето дали вие колеги од ВМРО-ДПМНЕ имате конзистентни ставови или ге менувате од час во час, од ден во ден и од година во година? Не, вие колеги од ВМРО-ДПМНЕ никогаш не сте конзистентни во ставовите, вас ви ги диктира раководството на партијата кое е раководено од криминалецот во бегство во Будимпешта“ посочи Лазаревска.
Лазаревска се осврна и на работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во досегашниот мандат.
„Што направи Кирил Пецаков градоначалникот на Охрид во овој период? Нема реализирано ниту еден од ветените проекти во неговата предизборна кампања, продолжи дури и стагнира проекти кои ги наследи. Во првиот месец од мандатот го донесе Христијан Мицкоски да сече лента на улица Македонија која што беше реализирана, а проектот целосно финансиран од Министерството за транспорт и врски. Ништо од она што го вети го нема реализирано“ заклучи Лазаревска.