fbpx

Ковачевски за Алџезира: Ние припаѓаме во ЕУ, 80% од целата трговска размена е со земји членки на Унијата,

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Целта на Република Северна Македонија секогаш ќе бидат евроатланските интеграции, без разлика на јунскиот Самит, вели претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Ал Џезира.

,,Ние имавме цел да станеме земја членка на НАТО и успеавме, благодарение на тешки одлуки што ги донесовме, тие тешки одлуки се однесуваа и на членство во ЕУ, со тоа што Европската Унија не го одржа своето ветување за отпочнување преговори со Северна Македонија и сметам дека дури на следниот Самит треба да ја исправат таа грешка” вели претседателот Ковачевски.

Тој потенцира дека доколку се погледнат империските податоци за нашата држава, јасно се гледа дека треба да бидеме интегрирани во Унијата.

,,80% од нашата трговска размена е со земји членки на ЕУ. 80% од странските директни инвестиции во нашата држава се од земји членки на ЕУ, најголем број од нашите граѓани кои живеат и работат во странство се во земји членки на Европската Унија, имаат парични трансвери кон роднини во нашата држава тоа го одржува и платниот биланс на државата. Значи дека ние низ годините преку помошта што ја добиваме институционално преку ЕУ, преку ИПА проектите, преку големото знаење кое беше трансферирано низ различни мисии, институции и организации на ЕУ во државата, ние сме суштински поврзани со ЕУ и единствено остануваат политичките чекори за отпочнување на преговори” вели Ковачевски.

Претседателот на СДСМ вели дека од моментот кога ќе започнат преговорите исто како што беше со НАТО, кога Република Северна Македонија, најбрзо го заврши интегрирањето во НАТО од сите земји членки претходно, истото ќе биде и со ЕУ.

,, Ние ќе бидеме држава која ќе претставува позитивен пример за тоа како се интегрира една држава во Европската Унија.
Република Северна Македонија ги има направено сите потребни активности и услови за отпочнување на меѓувладината конференција што значи дека во моментов од нас воопшто не значи одржувањето на таа прва меѓувладина конференција затоа што имаме 4 последователни позитивни извештаи од Европската Комисија, 45% од нашето законодавство е хармонизирано со законодавството на Европската Унија” рече претседателот Ковачевски.

Последни вести