Соопштение за јавност
“Финансиската транспарентност е исклучително важна, бидејќи политичките партии се корисници на финансии кои се одвојуваат од буџетот на државата, односно на пари од граѓаните. Неотчетноста и криењето како и за што се трошат парите на партиите доведува до случај како што е Талир 2, каде е утврдено прекршување на Законот за финансирање на партиите”, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во емисијата 360 степени на Алсат М.
Кузеска рече дека СДСМ како партија на власт ја препозна потребата и во 2019 година го донесе законот за пристап до информации од јавен карактер со којшто и политичките партии стануваат иматели на информации и се должни да дадат отчет пред граѓаните.
“Политичките партии треба да се самосвесни и одговорни, без да чекаат некој да ги поттурне, да им наложи да бидат и финансиски и активно транспарентни” изјави Кузеска.
СДСМ ги уважи насоките и со поддршка на меѓународниот институт ИРИ ги реализира дополнувањата на својата веб страница во насока на зголемана активна транспарентност, односно полесен и поедноставен пристап до информациите поврзани со финансиските извештаи и податоци за партиската структура.
Овој проект е целосно прифатен од СДСМ, бидејќи транспарентноста е вредност во која СДСМ верува и на којашто активно работи, додаде Кузеска.