Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ да престане да го брани криминалот на своите функционери и да ги врати украдените пари, не само од случајот Талир 2, туку и сите други пари одземени од граѓаните.
Судската пресуда за случајот Талир 2, која докажа дека ВМРО-ДПМНЕ незаконски го стеканала големиот имот, вреден милиони евра, е уште една потврда за криминалот од епски размери, што ВМРО-ДПМНЕ со години го правела на грбот на граѓаните.
Граѓаните за време на 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ тонеа во сиромаштија, а за тоа време, тогаш владеачката партија незаконски ја изградила луксузната Бела палата и купувала имоти во триесетина населени места низ целата држава.
Криминалот, корупцијата, безобразното прекршување на законите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, покрај Талир-2 ги докажаа и случаите Тврдина – Таргет, Плацови на Водно, а во постапка се и неколку други предмети.
Сите украдени пари од ВМРО-ДПМНЕ треба се вратат граѓаните.