fbpx

Ајде Мицкоски не врти од околу, повикај ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за автентичното толкување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ втор ден не се изјаснуваат дали ќе го поддржат Барањето поднесено од СДСМ за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, за да се спречат најавите да се врати незаконската аболиција на Иванов.

Молкот на ВМРО-ДПМНЕ гласно зборува дека Мицкоски продолжува единствено да се грижи за одбрана на криминалот.

Наместо да врти од околу Мицкоски да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за автентичното толкување.

Повеќе од очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад иницијативата пред Уставниот суд која има за цел да ја оживее аболицијата на Ѓорге Иванов против која застанаа сите слободоумни граѓани и сите политички субјекти освен криминалната ВМРО-ДПМНЕ.

Без разлика дали тоа им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и институциите нема да им дозволат попречување на правдата и опструкции на правниот систем.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Последни вести