Соопштение за јавност
Започнавме преговори за членство во Европската унија, нашиот македонски јазик, идентитет, традиција, култура стануваат дел од големото европско семејство.
По 17 години чекање, отвораме ново поглавје за иднината на сите граѓани за забрзан развој, напредок и стабилност, отворивме нова страна на европски развој, можности и просперитет.
Со почетокот на преговорите обезбедивме зачувување и зацврстување на македонскиот идентитет, култура, и посебност, македонскиот јазик ќе стане еден од службените јазици на ЕУ.
Имаме за што да се радуваме и да се гордееме.
Остваруваме уште една стратешка цел на страниците на македонската историја, која ќе нѝ обезбеди сигурна, безбедна – европска иднина.