fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја лаже јавноста, набавката на битумен на ЈП Македонија пат е законска а цената е двојно пониска отколку изминатите две години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски очајни што не им успеаја деструкциите продолжија со она што најдобро го знаат – да измислуваат скандали и преку лаги да ја манипулираат јавноста.

Последен таков случај е набавката на битумен од страна на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионални патишта „Македонија пат“ Скопје.

Прва лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека набавката е склучена во четири очи, напротив, се работи за отворена постапка за Јавна набавка на стоки објавена и во меѓународно гласило со спроведување на електронска аукција.

Во однос на втората лага околу тендерската документација, како што објави и Претпријатието, корекциите се направени поради позитивно одговарање на поставени прашања од економски оператори и поради постапување по решение на Државната комисија за жалби по јавни набавки, по кое мора да се постапи.

ВМРО-ДПМНЕ свесно меша „баби и жаби“ со споредбата на набавка на битумен од друго јавно претпријатие затоа што споредбата се врши помеѓу различни модели на понуда и различни специфики на работа и испорака.

Во случајот на ЈП „Македонија пат“како влезен параметар во формирање на цената е земена берзанската цена на битуменот, додека другото локално јавно претпријатие како влезен параметар ја користи рафинериската цена на битуменот при испорака.

ВМРО ДПМНЕ треба да одговори на прашањето како фирмата која во моментов има склучено договор со ЈП Улици и патишта Скопје, во периодот од 2015та до 2017та добивала тендери од претпријатието Македонија пат во вредност од 17.3 милиони евра,а цената на останатите трошоци била двојно повисока од сегашната ако се земат во предвид цените на нафтените деривати во тој период.

Очајни и провидни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да измислува скандали онаму каде што ги нема.

Покрај деструкциите и блокадите, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и измислици.

Последни вести