Соопштение за јавност
Секогаш кога во државата се случуваат процеси важни за иднината Христијан Мицкоски е застанат на спротивата страна од историјата, од интересот на граѓаните, без никакво чувство на државност.
Така е и сега, кога конечно ги започнавме преговорите со Европската унија кога македонскиот јазик во ЕУ е со чиста формулација без никакви фусноти и забелешки.
И при ваков успех, Мицкоски со деструкција, блокади, насилни протести и крвави сценарија се обиде да го попречи напредокот на државата.
Целата јавност виде дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека тоа е партија што се уште е раководена од Будимешта и Никола Груевски.
Потврда за тоа е посетата на Мицкоски на Будимпешта кој очигледно ја искористил за нови консултации со неговиот шеф Груевски.
Време е Мицкоски да се отрезни од деструкциите и да престане заедно со неговиот партнер Димитар Апасиев да го попречува напредокот на државата.
СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи нови блокади на патот кон ЕУ, колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, македонската иднина е европска.