Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се менува.
Христијан Мицкоски се скара со Данела Арсовска само заради пари, тендери, влијанија и бизнис интереси.
Тендер вреден 136 милиони евра е причина за кавгата помеѓу кадрите на Мицкоски.
Сега Мицкоски пред граѓаните треба да каже, која е неговата улога во тендерот вреден 136 милиони евра за пречистителната станица?
ВМРО-ДПМНЕ и Груевски преку криминалниот проект Скопје 2014 година му приредија катастрофа, сега Мицкоски преку Скопје 2024 сака да му приреди нова катастрофа на градот.