Соопштение за јавност
Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска
По меѓусебните обинувања за тендери, пари, влијание, неработа и криминал, кулминираше кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска.
Тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата помеѓу кадрите на Мицкоски.
Сега Мицкоски пред граѓаните треба да каже, која е неговата улога во тендерот вреден 136 милиони евра за пречистителната станица?
По една година од локалните избори се покажа вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје како и во општините на главниот град.
Наместо да работат за граѓаните, за скопјани, за развојот на градот, тие се скараа за тендери и провизии.
Сите надлежни институции да ги истражат сомнежите за криминал и да следува одговорност, а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа во интерес на граѓаните, кои од нив очекуваат решенија и развој, а не кавги и препукувања.