Соопштение за јавност – демант на СДСМ
Секогаш кога се фатени со „рачињата во медот“ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку нивните дежурни курири пласираат невистини и лажни вести во надеж дека ќе го покријат скандалот.
Проблемот овој пат им е поголем, затоа што самите се фатија, се скараа за пари и тендер вреден 136 милиони евра а институциите веќе го истражуваат случајот.
Нека не се крие шпицниот градоначалник Мицкоски позади лаги. Немало средби на Ковачевски и Зечевиќ со нивната кандидатка а потоа и избрана градоначалничка Данела Арсовска.
Ниту во четврток, ниту некогаш имало средба на Зечевиќ и Ковачевски со Арсовска.
Паника на бродот Баунти. Фатени со рачињата во медот прилично е очајно ова однесување на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски.
Ниту може шпицниот кандидат Мицкоски да се сокрие ниту пак да ја префрли топката онаму каде што не и е место.
Шпицниот градоначалник Мицкоски наместо да се крие од јавноста да излезе и да каже која е неговата поврзаност со тендерот тежок 136 милиони евра?
Дали од лични и бизнис интереси на Мицкоски и него луѓе истата судбина ја доживеа и најавата за набавката за нови еколошка автобуси во Скопје?