Соопштение за јавност
Шпицниот градоначалник Мицкоски да каже за неговата улога во тендерот од 136 милиони евра
Шпицниот градоначалник Мицкоски цела недела молчи, никако да каже која е неговата улога во тендерот од 136 милиони евра.
Мицкоски со неговата градоаначалничка Арсовска се скара за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра.
Надлежни институции веќе го истражуваат случајот, но зошто мочи Мицкоски?
Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, ѝ ги собраа потребните потписи и заедно ја бараа довербата од скопјани.
Заедно и преговараа и за набавка на 100 електрични автобуси во Скопје.
Дали и оваа зделка пропадна заради провизии, пари и бизнис влијанија на Мицкоски и луѓето околу Мицкоски?
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фатени живи со рацете во мед и молкот нема да ги спаси.