Соопштение за јавност
Поминаа шест дена шпицниот градоначалник Мицкоски се крие од јавноста, одбегнува да одговори за неговата улога во спорниот тендер вреден 136 милиони евра, обедгнува да одговори за колку тегли мед пропаѓаат проектите во Скопје?
Мицкоски самиот се промовираше како шпицен градоначалник. На партиски настан лично Мицкоски најавуваше и набавка на нови 100 автобуси за главниот град.
Поминаа месеци, изби корупциски скандал тежок 136 милиони евра, кавги и превирања внатре во ВМРО-ДПМНЕ.
Откако се скара со Арсовска, на виделина излезе дека шпицниот градоначалник Мицкоски и неговите кадри како Пирински се фатени со рацете во медот.
Шпицниот градоначалник Мицкоски да не се крие туку да излезе пред граѓаните и да одговори:
Колку тегли мед се причината што пропадна бизнисот за 100 електрични автобуси во Скопје?