Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски никогаш не бегал од одговорноста за служење на воениот рок.
Фатени со рацете во медот ВМРО-ДПМНЕ за да го прикрие својот срам и криминал, злоупотребува здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред 20 години.
Во надеж дека ќе ја сменат темата во јавноста за нивниот криминал и корупција тежок 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ само го потврди криминалот во сопствените редови.
Единствен воен дезерет на политичката сцена е пуленот на Христијан Мицкоски, Драган Ковачки, кој ја напушти Армијата за да му служи.
Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, секогаш кога ќе бидат фатени со „рацете во медот“ по секоја цена конструираат случаи, измислуваат непостоечки скандали со кои сакаат да ја дефокусираат јавноста.
Нема дефокус од криминалите во ВМРО-ДПМНЕ, нема.