Рекција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски денеска го потврди континуитетот на Ванчо Махајлов на денешниот така наречен Симпозиум на ВМРО-ДПМНЕ.
Кога зборува за 129 години, Мицкоски го опфаќа точно и периодот на Ванчо Михајлов.
Не само што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на континутитет во своето делување со Ванчо Михајлов, туку и го величат неговото лик и дело.
Ванчо Михајлов беше соработник на Третиот рајх. ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михаилов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура со неговиот во музејот во Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ денеска е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх.
Заглавена во минатото ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди на граѓаните за иднината. Мицкоски е предвоник на концептот против членство во ЕУ кој носи изолација и враќање назад.
Предводник на концетот за македонската европска иднина е Димитар Ковачевски, тој концепт значи членство во ЕУ до 2030 година, со заштитен македонски јазик и идентитет. Македонската иднина е европска!