fbpx

Под слоганот ,,Млади и солидарни” СДММ на хуманитраниот турнир денеска во Валандово, собира средства за младите и децата со попреченост

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска во Валандово се одржа регионален натпревар во рамки на хуманитарниот турнир „Млади и солидарни“ во организација на СДММ, Социјалдемократската младина на Македонија.

Младите од југоисточниот регион играа за хумани цели и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост.

Преку дружба и натпревар СДММ, со спортски активности реализира хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост.

СДММ ги поканува младите да се приклучат, да бидат хумани, да се поддржуваат, да помагаат на оние на кои им треба помош.

Да бидеме хумани, да се поддржуваме, да си подаваме рака.

Последни вести