fbpx

Костадинов: СДСМ е силна, државотворна, државничка партија со која сигурна е иднината на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е силна, државотворна, државничка партија со која сигурна е иднината на Северна Македонија, на секој наш граѓанин.

Нашата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и идентитет. На тоа сме посветени, на тоа работиме. Да бидеме горди Македонци во ЕУ, да седиме на големата маса во Брисел рамноправни, силни и побогати од денеска, истакна потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов на граѓанската трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ во Македонска Каменица.

Очигледна е разликата помеѓу нашиот одговорен, чесен и домаќински пристап, кој особено доаѓа до израз во време на оваа светска економска и енергетска криза, кога за само неколку месеци насочивме 750 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ, порача Костадинов.

Ги покачивме платите на работниците, минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, пензиите за само неколку месеци ги зголемивме за 10% а веќе со следното покачување ќе имаме поголеми пензии за околу 16%. Ја субвенционираме струјата за граѓаните во висина од 80%. Со последната мерка воведуваме субвенции за компаниите од прехранбената индустрија со што директно ќе влијаеме за стабилизирање на цените на основните производи, додаде Костадинов.

Потпретседателот Костадинов нагласи дека проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција на изборите во 2024 година и ги повика сите социјалдемократи, членови, симпатизери да се обединат и да застанат зад проевропскиот концепт и визија.

СДСМ повторно е на победничките патеки и целосно консолидирана. Од нас зависи дали ќе продолжи концептот на поголеми плати и пензии и враќање на парите кај народот. Од нас зависи, каква ќе биде иднината на државата, дали ќе продолжи по овој вистински пат или ќе се врати во мрачното минато. Сите да се обединиме зад европскиот концепт, порача потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов на граѓанската трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ во Македонска Каменица.

Последни вести