Соопштение за јавност
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, денеска имаше свое обраќање на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ којашто се одржа во Берово.
-СДСМ се грижи за граѓаните и стопанството во време на најголема економска и енергетска криза. Со последната одлука на Владата обезбедуваме поевтина струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи преку субвенционирање на цената од страна на државата. Оваа мерка двојно ја намалува цената на струјата со што директно ќе влијае на намалување на цените на основните прехранбени производи, маслото за јадење, лебот, брашнто, млеко и млечните производи. Според првичните проценки намалувањето го очекуваме до 10%. Тоа значи пониски цени за граѓаните, односно заштита на нивниот животен стандард и куповна моќ., рече заменик претседателката Лукаревска.
Ова е уште една во низата владини мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството во време на најголема светска економска и енергетска криза, додаде Лукаревска.
СДСМ, преку владата и институциите што ги предводи не остава никого сам во време на светска економска криза, грижата за сите продолжува. Струја и енергенси ќе има доволно, а државата ќе продолжи да субвенционира 80 отсто од сметката за струја за граѓаните и за 72.000 помали компании, рече заменик пртседателката Лукаревска.
За само неколку месеци одвоени се 750 милиони евра за мерки за помош на граѓаните, што е околу пет отсто од БДП и најмногу како процент споредено со земјите од Западен Балкан, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во Берово на трибината на СДСМ под мотото „Силно и одлучно кон иднината“.