fbpx

Царовска на маалска средба во Центар: Создадовме систем кој извлекува од сиромаштија, зголемени платите во градинките, растат и пензиите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Маалска средба, Мила Царовска, член на ЦО на СДСМ, oпштина Центар 

 

Членката  на ЦО на СДСМ Мила Царовска придружувана од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и други членови на СДСМ, попладнево одржа маалска средба со граѓаните на општина Центар.

На средбата со присутните граѓани се зборуваше на повеќе актуелни теми кои ги засегаат граѓаните, но и теми од областа на социјалната политика кои ја унапредуваат детската и социјалната заштита.

Социјалните реформи даваат видливи резултати, а како дел од тие реформи се и покачувањето на платите на вработените во градинките за 16 отсто, раст на платите на социјалните работници за 23 отсто, вработувања на нови кадри во градинките  што воедно претставува вложување на квалитетот на услугите во детските градинки, истакна Царовска.

Истовремено, порача Царовска, бележиме тренд на раст на пензиите кои растат и ќе продолжат да растат согласно трошоците за живот и растот на економијата.

Осврнувајќи се на мерките од социјалната заштита, членката на ЦО, Царовска, истакна дека за прв пат лицата со тешка и најтешка интелектуална попреченост добиваат месечен надомест од државата од 8.000 денари, додека, персоналната асистенција во домот е нешто што исто така за прв пат се воведува, а државата го пренесува на локално ниво односно на општините.

 

– Зголемената социјална помош за 300 отсто, зголемениот опфат на деца за детски и образовен додаток се само дел од мерките од новата социјалната реформа која обезбедува повеќе пари кај граѓаните, ја намалува детската сиромаштија и ги унапредува правата на лицата со попреченост, посочи Царовска.

СДСМ продолжува со теренски активности и маалски средби и во наредниот период. 

Остануваме меѓу граѓаните, го слушаме нивниот глас и ги следиме нивните потреби.

Последни вести