fbpx

Десет математички прецизни факти за Мицкоски да може да учи економија, еве што значи економски напредок

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Еве 10 математички прецизни факти за Христијан Хидро Мицкоски, да се потсети и да научи што значи економија, економски раст и развој, како резултат од успешните економски политики во изминатите 2 години:

1.Индустриското производство во 2018 година имаше највисок раст во последните 7 години, споредено со економското уназадување во време на ВМРО-ДПМНЕ!

2.Растот на индустриското производство продолжи и во 2019 година. Официјалните податоци на Државниот завод за статитика покажуваат дека индустриското производство бележи раст од 8,8 отсто во првото тромесечие од 2019 година!

3.Од – 1.8% во времето на ВМРО-ДПНЕ македонската економија, БДП, порасна на +4,1%!

4.Невработеноста ја намаливме на историски најниски 17,8%.  За 2 години отворени се над 49 илјади нови работни места!

5.Странските инвестиции бележат нови рекорни износи. Извештајот на Конференцијата на Обединетите нации забележа најголем рекорден пораст од 260% на странските инвестиции во Северна Македонија, најмногу во целиот регион!

6.Просечната плата за 2 години порасна за околу 2.000 денари!

7.Минималната плата ја зголемивме од 9.000 денари во 2016 година на 12.500 денари во 2019 година!

8.Повисоки плати за 10% и 5% за вработените во здравството, образованието, градинките, одбраната, културата, полицијата, јавната администрација…

9.Просечната пензија за две години порасна за 826 денари.

10.Социјалната помош е зголемена за повеќе од 300% – четиричлено домаќинство во социјален ризик ќе добива месечен надоместок од 10.600 денари, наместо досегашните 3.029 денари.

Христијан Хидро Мицкоски ова се економски факти. Со преземањето на ресорот финансии од страна на премиерот Зоран Заев, економските лекции допрва ќе се прошируваат и зголемиваат, во интерес на граѓаните и државата. Но, има Мицкоски време за учење.

 

 

 

Последни вести