fbpx

Зечевиќ во Теарце: Инклузивноста е наша вредност а европската интеграцијата наша визија за иднината.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Зечевиќ во Теарце: Инклузивноста е наша вредност а европската интеграцијата наша визија за иднината.

Отвореноста, толерантноста, инклузивноста се вредносни модели на делување на социјалдемократите а европската интеграција е наша визија за иднината, порача вечерва од Теарце генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, на работен состанок со членови и симпатизери на партијата од оваа општина.

-СДСМ покажува на дело дека вредностите на отвореност, толерантност и инклузивност преточени преку конкретни политики создаваат општествена клима за напредок. Европската интеграција пак е наша социјалдемократска визија за иднината. Политички концепт за кој бараме широка национална, меѓуетничка и општествена мобилизација. Обединети да застанеме заедно и да ја обезбедиме европската иднина. Имаме должност кон младите, кон идните генерации да ја градиме нивната европска иднина денеска, за подобар живот дома и почит надвор, рамноправни и горди во големото европско семејство. Сега е време заедно, сплотени, да го изодиме целосно патот кон полноправно членство во Унијата, без калкулации, искрено, чесно и со одговорен однос кон земјата и граѓаните, рече Зечевиќ.

Последни вести