Претседателот Ковачевски ја тргна блокадата, сообраќајниците во Скопје им се вратени на граѓаните, кавгите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска не се веќе на грбот на скопјани.
Граѓаните на Скопје не заслжуваат преку нив да се наплатува неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска.
Одблокираните скопски улици се придобивка за граѓаните на Скопје. Очекуваме улиците да останат отворени и граѓаните да можат да се движат слободно во главниот град.
Во наредниот период сите засегнати страни, од градот Скопје и превозниците треба да седнат и да разговараат за изнаоѓање на решение.
Преку дијалог, без закани и НЕ врз грбот на граѓаните!
Граѓаните на Скопје плаќаа превисока цена со блокадите, само поради кавгите на Мицкоски и Арсовска.
Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е неспособна и деструктивна партија која не може ниту најнормален дијалог да воспостави, а не пак да понуди некакво решение.
ВМРО ДПМНЕ создава само проблеми, не само во Скопје, во целата држава, каде што има градоначалници.