Заедничко за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во повеќето општини во државата во изминатите 12 месеци е хаос, нефункционалност, партизација, расипничко трошење на парите на граѓаните, покачување на цените на општинските услови.
Хаосот, блокадите и кавгите во Град Скопје се само пример за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, не е подобра состојбата ниту во општините во кои има градоначалници од Белата палата.
Во Ѓорче Петров, во ек на најголема економска криза, градоначалникот ќе потроши 100.000 евра за опремување на нова општинска зграда.
Во општина Штип градоначалникот Јорданов и мнозинството во Советот на ВМРО-ДПМНЕ ги зголемија цените на данокот на промет, а претходно значително ја поскапеа цената за такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.
Во Битола општински пари се доделуваат на портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ и неговата сопруга, а службените возила на јавните претпријатија се злоупотребуваат за лични патувања и потреби.
Масовна партизација се случува во Охрид, каде во општината и јавните претпријатија се вработени над 50 партиски војници, а цените на комуналните услуги се поскапени.
Поскапи комунални услуги и паркинг плаќаат и граѓаните на општина Прилеп, во општина Велес исто така има поскапување на комуналните услуги и масовна партизација на јавните претпријатија, а идентично е и во Виница, Радовиш и неколку други помали општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.
Една година локална власт е една година уназадување на Град Скопје и други четириесетина општини. Не се работи, нема нови проекти, но затоа има поскапи услуги за граѓаните и партизација на општинската администрација и јавните претпријатија.
ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски работат за лични и бизнис интереси.
Поради нивната неспособност, општините се во стагнација а граѓаните во време на криза се изложени на зголемени трошоци.