fbpx

Шутаров: Не може да се бараат субвенции за ЈСП, а да не се даваат информации за состојбите во ЈСП

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во Советот на Град Скопје денеска треба да изгласаме дополнителни 20 милиони денари субвенции за ЈСП, на претходниот реабалнс во јуни изгласавме дополнителни 130 милиони денари субвенции за ЈСП, истакна советникот на СДСМ Гордан Шутаров на денешната седница на Советот.

Шутаров нагласи дека кога треба да се дадат субвенции ги советуваат да ја изгласаат одлуката, но кога треба да се дадат информации, тие информации паушално ги добиваат.

Одлуките кои што ние ги носиме се од значење за сите граѓани на Градот Скопје. Ако можеме да носиме одлуки за субвенционирање, мораме да добиеме информација за она што го бараме. Не може да барате да субвенционираме јавно претпријатие, а да не давате информации за состојбите во тоа претпријатие, посочи Шутаров.

Советникот Шутаров нагласи дека во состојба кога има тепачка на автобуска постојка кој попрв да влезе во автобус, должни се и директорот и службите на Град Скопје да излезат со информација, да ја кажат точната состојба, фактичката состојба во ЈСП и за состојбите во јавниот сообраќаен превоз.

Што побрзо да бидат готови тие информации за да можеме да имаме коплетна слика за она што се случува меѓу ЈСП и приватните превозници и на наредната седница да се повика претседателот на надзорниот одбор да се одговори дали се почитува одлуката за линиски превоз на патници. Сите овие аргуметни, треба во најбрз рок да ги добие Советот на Град Скопје за да добиеме јасна слика за тоа што поддржуваме, што субвенционираме, што се почитува, што не, и да бидеме одговорни да излеземе пред граѓаните и да им ја расветлиме ситуацијата заради тоа што се доведени до заблуда, порача од говорницата советникот на СДСМ во Советот на Град Скопје Гордан Шутаров.

Последни вести