fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да престане да лаже и нанесува штета, нема промена на командирот на граничниот премин Ќафасан

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференција на Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ партијата во заложништво на Димитар Апасиев и Левица продолжува да одработува за туѓи интереси и да нанесува штети врз институциите.

Додека државните институции се под хибридни напади ВМРО-ДПМНЕ со лаги и конструкции го напаѓа Министерството за внатрешни работи.

Токму таков е и денешниот напад со лагите за нов командир на Граничниот премин Ќафасан.

Лага е дека командир на овој граничен премин пред три месеци било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење.

Како што објави МВР нема никаква промена на командирот, туку напротив, подолг период командир на ГП Ќафасан е лице кое е докажан професионалец со одлични резултати во работењето.

ВМРО-ДПМНЕ не знае ништо освен да шири лажни вести и да измислува конструкции со цел да им наштети на државата и институциите.

Последни вести