Соопштение за јавност
Врвен приоритет на Владата, предводена од СДСМ од 2017 година наваму е борбата против корупцијата истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Патот кон..“ на телевизија Алсат.
Костовски нагласи дека кога државата е членка на НАТО и претендент за ЕУ нормално е стратешкото партнерство од ЕУ, САД, Велика Британија да биде преточено во помош и поддршка во одделни сегменти, како што борбата против корупцијата во овој случај.
Нашата интенција е да бидеме најдобри на Блаканот во борбата против корупцијата и така да ја разбиеме онаа теза дека во Република Северна Македонија има само декларативно заложување за борбата протв корупцијата, туку и напротив има прагматични примери кои што може да ги погледнеме во изминатиот период, рече Костовски.
Пратеникот Костовски додаде дека се постапува по секоја пријава, а онаму каде што ќе се докаже вина се донесуваат конкретни пресуди за сите, никој не е над законот и никој не е привилигериран, за разлика од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека многу е непријатно кога ВМРО – ДПМНЕ зборува за правда и корупција, граѓаните паметат како во периодот 2006-2017 година се избираа судии од тефтерчето на Горде, што беше брачниот пар којшто владееше со правосудниот систем во Македонија и сето тоа остави црна дамка, а секогаш кога станува за правда, дали е донесување на закон за јавно обвинителство или било каква интервенција во законските одредби секогаш ВМРО-ДПМНЕ е многу гласно.
Заложба на сите правосудни реформи на Владата е ослободување на судството од политички притисоци, како и реформи во администрацијата, имавме и јавен избор на раководствата во Антикорупциската комисија и Комисијата за спречување дискриминација, тука требаше да се донесе и Закон за ветинг. Тоа не е само декларативна определба на власта. Предлог-законското решение ќе го добиеме после Нова година, па ќе имаат сите пратеници да го видат. На ова законско решение императив треба да биде системската корупција, а не да се дојде до политички реваншизам. Законот за ветинг треба да ги опфаќа сите актуелни и поранешни политичари, судии и обвинители, односно да се испита нивниот интегритет и нефункционалност, рече Костовски.
Пратеникот Костовски додаде дека работната група поддржана од Советот на Европа ја финализира драфт верзија на законот за потекло на имот, кој ќе придонесе за приближување до европските вредности и подобрување на прописите во државата за борбата против корупцијата.
Во наредниот период со законот за ветинг, законот за потекло на имот граѓаните ќе бидат уште поуверени дека вратата е широко отворена за заминување на корумпираните политичари и личности од јавниот сектор и корупцијата надвор од државата, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, во емисијата „Патот кон..“ на телевизија Алсат.