fbpx

Ковачевски: Лидерство значи да се носат тешки одлуки, јас не се криев, ниту стоев на страна, да треба, пак би ги одлучил исто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не беше лесно да се донесат одлуките, но јас не се криев, ниту седев на страна., лидерството значи да се обезбеди иднината и да се преземе одговорност, порача вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Често зборувам јас за тоа тешко чувство кое верувам многумина го имале. После се што се изнаслушавме во текот на летото, целата хистерија која беше направена, тоа чувство го имавте и вие во оваа сала и голем дел од граѓаните. Истото чувство го имав и јас. Тоа беше чувство како со нож некој да ви го сече стомакот. Но, јас немав право на дилема, на лично мислење или дневни емоции. Јас имав само обврска, многу тешка обврска, да го креираме најмалку болниот компромис, за да ја спроведеме зацртаната стратешка цел на државата од пред 30 години“ посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека со таа одлука, обезбеден е европкиот пат, но заштитен е и македонскиот идентитет и македонската посебност

„Заедно со мојот тим, имавме јасна цел! Не мислејќи на својот рејтинг, не плашејќи се од црната домашна и надворешна кампања, без разлика на сите домашни и странски минати и сегашни противници, да ја исполниме светата мисија! Целосно, цврсто и силно да го заштитиме вековниот македонски историски и културен идентитет, засебност, традиција и јазик. Засекогаш и насекаде! И во исто време брзо да се движиме во Европската Унија!

Многумина во тие моменти, ми велеа откажи се, дигни раце, не ти треба ова! ЕУ не нѐ сака!

Е драги мои, првпат пред сите ќе го кажам тоа што го знаат моите најблиски соработници! На сите им реков! Може да успееме! Да бидеме Македонци, и како такви да седиме на големата маса во Брисел! Кој не мисли дека тоа е возможно, нека се тргне на страна! Јас одлуката ја донесов, бидејќи знам дека таа е најдобра за државата и за нашите сегашни и идни поколенија“ посочи Ковачевски.

Последни вести