Соопштение за јавност
– Доаѓам од Берлин, по средбите со германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Макрон, имаме големи пријатели во Европа, не само што оваа година ќе бидеме дел од НАТО, туку ова лето нашата замја ќе почне преговори и со ЕУ. Да продолжиме по вистинскиот пат. Да ја дигнеме и гордоста на Илинден, и овде да се слави победата, како во целата земја, рече претседателот на СДСМ и премиер Заев на средбата со граѓаните на Илинден.
Тој повика на масовна поддршка на Стево Пендаровски, бидејки, како што рече, “доста ни беше од фрустрации, кочници и кризи”.
-Доаѓа добро време, донесовме крупни храбри одлуки, ги отворивме перспективите, денес имаме држава загарантирана од цел свет, со признаен Македонски народ и македонски јазик од цел свет, на пат сме кон ЕУ и НАТО, тоа значи стабилност, но значи и економски развој. Ни треба претседател кој води Заедно и Напред, знам дека ќе го избереме Стево Пендаровски и ќе продолжиме Заедно Напред, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев во општина Илинден.
Скопје, 30.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА