fbpx

Мицкоски е во грч, растат плати и пензии, се што кажа промаши

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски е во грч затоа што пропаднаа сите негови апокалиптични сценарија.

Мицкоски најавуваше колапс на енергетскиот сектор и на економијата, плашејќи ги граѓаните со ценовни шокови.

Факт е дека со одговорните и ефикасни политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, денес и во време на криза растат платите и пензиите.

Минималната плата која во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 8.800 денари, од овој месец ќе изнесува 20.175 денари.

Пензиите за сите 330.000 пензионери од овој месец растат за рекордни 8,4 отсто, со што само за една година вкупно ќе пораснат за 18 отсто.

Енергетскиот сектор не само што не колабираше, туку среде јануари извезувавме струја, затоа што сите домашни производствени капацитети беа вклучени во производство на електрична енергија.

На крајот, пропаднаа и лагите на Мицкоски за распуштање на Собранието кон крајот на февруари, со што уште еднаш се покажа дека тој не знае и не може да понуди ништо освен да бара предвремени избори само за да ја зачува фотелјата во Белиот дворец.

Изборите ќе бидат во редовниот термин во 2024 година и на тие избори Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе изгубат.

Последни вести