fbpx

Матеметички прецизно, Сиљановска и Мицкоски загубија во првиот круг и уште поубедливо ќе загубат во вториот круг од изборите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нервозниот Христијан Мицкоски се изгуби во сопствените математики во очаен обид да го оправда поразот и ниската доверба во првиот круг од изборите на неговата кандидатка Гордана Сиљановска.

Факт е дека Гордана Силјановска освои помалку гласови и загуби од Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори, се друго е весела математика на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Математички прецизно, ВМРО-ДПМНЕ со Сиљановска има 130.000 гласови помалку отколку во првиот круг од претседателски избори во 2014 година.

Со тоа, се докажува дека граѓаните не сакаат нов Иванов, не го поддржуваат концептот на Сиљановска и Мицкоски кој се закануваат да ја вратат државата назад во темното минато на режим, криминал, изолација и неказнивост.

Граѓаните го препознаа лицемерието на Мицкоски и Сиљановска кога зборуваат за правда а во реалноста бранат криминалци и насилници и затоа загубија во првиот, а уште повеќе ќе изгубат во вториот круг на изборите.

Предноста на Пендаровски во првиот круг и волјата на мнозинството граѓани се потврда за победа на концептот за напредок во вториот круг со многу поголема разлика. Мицкоски и Сиљановска нека се подготват за пораз.

Скопје, 24.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести