fbpx

Масовно да излеземе на гласање во недела, потребни се успешни избори, за побрзо темпо на развој на државата, Заедно Напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Повик за успешни избори и масовна излезност на изборите во недела 21.април, кога охриѓани избираат и претседател на државата и градоначалник и на избор Заедно Напред, повикаа претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев,претседателскот кандидат, Стево Пендаровски и градоначалничкиот кандидат Константин Ѓеоргиевски. Тие укажаа на политиките на заедништво, евро-атлантските интеграции и на економски рекорди што почна да ги бележи државата со политиките на пријателства и европски начин на решавање на прашањата.

-Чекорите коишто ги прави оваа власт, а јас сум дел од неа, одат во надока на драстично намалување на иселувањето. Оваа власт прави ‘се, а економските индикатори тоа го покажуваат, дека економскиот стандард се крева, невработеноста е на историски најниско ниво, направен е раст од рецесијата, од пет проценти и се укажува дека оваа и следните години ќе бидат години на економски раст и развој. На 21.април да завршиме еден дел од работата, а на 05 мај друг, бројот е ист, три, како претходно, кога бевме морални победници, сега ќе бидеме и реални победници, за сите нас и нашата земја, порача претседателскиот кандидат Пендаровски.

-Чекориме храбро напред, го отвораме патот кон НАТО инЕУ, ве уверувам бенефитите од тој процес ќе ги почувствува секој граѓанин, порача градоначалничкиот кандидат Ѓеоргиевски кој вети и грижа за Охридското езеро, заштитено од УНЕСКО и заокружување на започнатиот развоен циклус.

Претедателот на СДСМ и премиер, Заев, апелираше на важноста на изборите и повика на одговорност од сите граѓани.

-Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, за претседателските избори цензусот е висок. Потребна е масовна излезност. Повикувам на масовна излезност и на успешни претседателски избори, во името на побрз развој на државата. Ова се важни избори затоа што од успешноста на овие избори ќе зависи со колку брзо темпо ќе продолжиме да се движиме напред. Децата, младите го очекуваат тоа од нас.
Земјите членки на НАТО и ЕУ, кои ни подадоа рака, очекуваат нов сигурен чекор од нас. Вниманието на целата јавност, во регионот, во Европа, во светот е свртено кон нас. Да покажеме дека сме сериозна држава, дека цврсто стоиме зад прогресивните концепти: Едно општество за сите, евро-атлантски интеграции, економски развој. Да ја испратиме пораката, повторно, дека можеме, дека сме и ќе бидеме фактор на стабилност и просперитет, дома во регионот, во Европа и во светот.

Граѓани, млади, возрасни, од сите етнички заедници, од сите социјални групи, политички, неполитички определени, поединци, групи, да се оди напред е одговорност, бара акција, бара одлучност!

Повикувам на одлучност, на акција, на одговирност, во име на вас младите, во име на сите нас, во име на идните генерации. Да ја исполниме и оваа наша граѓанска должност. Да направиме уште една позитивна промена.

За европска Република Северна Македонија да избереме европски претседател кој води Заедно Напред.
Да ги избереме Константин Ѓеоргиевски за градоначалник на Охрид и Стево Пендаровски за претседател на државата, порача, меѓу другото, претседетелот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на завршниот митинг во Охрид, во рамки на кампањата за првиот круг од претседателските избори што ќе се одржат во недела на 21.април.

Последни вести