fbpx

Шкријељ: За мерката „трето дете“, во времето на ВМРО-ДПМНЕ се издвојувале огромни буџетски средства без ефект

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека треба да се признае дека пад на наталитетот и стареење на населението во нашата држава има најмалку две децении.

Тоа што работите се туркани под тепих, тоа што со години е избегнувано да се направи попис за да видиме каква е реалната состојбата во нашата држава е друго прашање, рече Шкријељ, додавајќи дека уште во 2015 година меѓународната организација за миграции излезе со статистика дека 20 проценти од нашето население е преселено и живее надвор од државата.

Пратеничка Шкријељ нагласи дека оваа ситација бара преиспитување и реорганизација во сите системи и тоа системот на социјална заштита, здравствениот систем, образованието, а пред се добра демографска политика.

За мерката „трето дете“, во времето на ВМРО-ДПМНЕ се издвојувале огромни буџетски средства без ефект, наталитетот и покрај тие мерки од 13,3 проценти во 2001 паѓа на 11,1 отсто во 2016 година, рече Шкријељ, додавајќи дека оваа мерка прдолжи да постои, но онаму каде што е потребна, кај ранливите семејства.

Сите релевантни институции укажуваа дека мерките што значат добра демографска политика, се други мерки и тоа е токму она што го правиме изминатите години, со вложување во предучилишно образование, изградба на градинки, особено во рурални средини, фокусирани сме да обезбедиме еднакви можности за секое дете и секоја жена, истакна Шкрјељ, додавајќи дека изминатите години се изградени над 70 градинки.

Шкријељ додаде дека се вложува во економија на грижа, во развојот на социјалните услуги, кои обезбедуваат покавлитетен живот на повозрасното население од една страна, а од друга страна овозможуваат повеќе работни места за жените, затоа што економското јакнење на жените, обезбедување добри плати е еден од клучните фактори на она што значи добра демографска политика, како и фокусирање на неактивниот дел од населението.

Треба да ги следиме извештаите на меѓународните организации и барањата на младите, кои бараат реформа на образованието, унапредување на дуалното образование, пристап до добро платени работни места, промена на начинот како ја сфаќаме работата, односно бараат флексибилно работно време, нагласи Шкријељ.

Пратеничката Шкријељ истакна дека политиката на раст на платите е очигледна, има пад на невработеноста, како и на младинската невработеност, средствата за оперативниот план на активни мерки за вработување, секоја година растат и сега се над 30 милиони евра, ние сме единствена држава надвор од ЕУ, која воведе младинска гаранција, министерството за труд и социјална политика заедно со Фондот за население на Обединетите нации ја креираат демокрафската стратегија и усогласуваат со националната развојна стратегија.

Продолжуваат политиките на креирање на добро платени работи места, потоа образовна реформа на сите нивоа, вработување на младите, особено во приватниот сектор, развој на претпримеништво, стартапи, а ако има еден сегмент во кој младите имаат верба, тоа дека можеме да станеме членка на ЕУ, нагласи пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Последни вести