СДСМ е за продолжување на европскиот пат и посветено работи на членството во Европската унија, како е врвен национален и државен интерес поставен уште од независноста.
По 17 години, минатата година започнаа преговорите, за членство се одржа меѓувладина конференција, скринингот тече одлично и тој процес ќе финишира успешно.
Сега е време за исполнување на единствената обврска која нашата држава ја има согласно преговарачката рамка, усвоена од 27 земји членки на ЕУ, а тоа се уставните измени.
СДСМ номинираше претставник во работната група за измени на Уставот и активно ќе учествува во експертското тело формирано од Министерството за правда.
За жал, граѓаните гледаат дека заложништвото на Христијан Мицкоски кон Димитар Апасиев и Левица си го направи своето. Мицкоски и Апасиев отворено се против ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани.
СДСМ, како предводник на проевропската коалиција, ќе се спротивстави на деструктивноста на оваа коалиција на хаосот.
Македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, ама сакаат да живеат во ЕУ дома, а не да живеат во ЕУ во туѓина.