Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов заедно со Весна Томовска денеска беше меѓу граѓаните на Старо Нагоричане како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.
– СДСМ инвестира во секој регион во секое населено место, за повеќе да нема неразвиени општини. Само во патната и железничката инфраструктура, овде во Североисточниот регион во овие годни вложивме 700 милиони евра. Овде имаме и реализација на стратешка енергетска инвестиција ветерната електрана „Вирови“. Покажавме дека кога се сака се може и во услови на криза успешно менаџиравме со целиот енергетски сектор и обезбедивме зелена транзиција. Лидери сме во регионот во зелена транзиција и инвестиции во обновливи извори на енергија. Ваквите инвестиции освен што ќе ја зголемат енергетска независност важни се и за општините, затоа што обезбедуваат и нови вработувања и повеќе средства во буџетот на општината, која е одлично раководена од нашата другарка Жаклина Јовановска, посочи Костадинов.
Во општина Петровец меѓу граѓаните беа членот на ИО на СДСМ, Костадин Ацевски и Рената Младеновска кои пред граѓаните истакнаа дека мерките во енергетиката што СДСМ ги презема даваат резултат, а доказ за тоа е фактот што во време на светска енергетска криза домашниот енергетски капацитет е сериозно зголемен и дека за разлика од земјите во регионот, кај нас немаше ниту рестрикции, ниту зголемување на цената на електричната енергија.