fbpx

Нула проекти и целосно уназадување на Скопје, така е кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Една и пол година од мандатот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ е период на неработење и на уназадување на општините.

Тоа е најизразено во Град Скопје и скопските општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Нула проекти имаат реализирано Данела Арсовска и градоначалниците во Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема проекти, нема решенија но затоа има задолжување на општините, партизирање на администрацијата, бетонизација на зелени површини како што е обидот за ДУП во населба Лисиче и расипничко трошење на општинските буџети за непродуктивни трошоци.

Ете што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие шанса да биде власт на локално ниво.

Ништо не се менува во оваа партија, на Христијан Мицкоски и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ граѓаните им се на последно место, тие се грижат само за личните и бизнис интереси.

Затоа Скопје и општините што ги предводат уназадуваат наместо да се развиваат.

Последни вести