Соопштение за јавност
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска беше во посета на Делчево и насленото место Тработивиште.
На средбите со младите во Делчево се разговараше за актуелната состојба во државата, престојните претседателски избори и можностите кои се отвораат со интеграција на земјава во НАТО и ЕУ.
Глас за Стево Пендаровски е глас за големи можности за младите. – истакна Шекеринска.
Секој млад човек во нашата држава заслужува да живее како своите врсници во Европа, слободно да патува, да се образува и работи.
Гласот на младите вреди и треба да се почитува, давајќи го својот глас за Стево Пендаровски вие го давате гласот за вас, за вашата иднина, да го видиме светот и тој да не види нас. – се дел од пораките кои ги упати Шекеринска на средбата со младите.
Посетата на Шекеринска на општина Делчево продолжи и во село Тработивиште.
Заменик претседателката на СДСМ ,Шекеринска зборуваше со граѓаните за тоа дека членството во НАТО не значи само безбедност и сигурност на државата , туку значи и голем економски напредок кој граѓаните го почуствуваа уште кога се наговести членството, се охрабрија и инвеститорите како домашните така и странските , па ланската година ги добивме рекордните 624.5 мил. евра странски дирекни инвестиции, а невработеноста се намали на 19,4 отсто, што воедно е најнизок процент од осамостојувањето на државата до сега. Сето тоа , е само мотив плус да продолжиме и понатаму.
Но, за да се продолжи понатаму потребно е претседател кој нема да биде кочничар туку напротив ќе ги поддржува мерките и реформите кои ја водат државата напред.
-И нашата армија и нашата одбрана и нашата безбедност бараат да имаме престседател кој ќе биде вистински врховен командант , кој ќе знае како да и помогне на армијата и како да ја засили и одбрани државата -рече Шекеринска.
Таа посочи дека на државата и треба претседател кој што ќе не обединува, а не дели и ги повика граѓаните да дадат поддршка на човекот кој сите овие години покажа дека не брка личен интерес , туку дека се труди на својата држава да и помогне.
-Ни треба и врховен командант и претставник во светот од кој нема да се срамиме, туку со кој ќе се гордееме. Кој кога ќе излезе ќе личи како нашата држава која сака да оди напред , а не да седи назад.