fbpx

„Рамо до рамо до победа“ во Берово и Пехчево: Платите растат, невработеноста опаѓа, го штитиме стандардот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска е меѓу граѓаѓните на Источниот регион.

Во општина Берово на средби со граѓани беа Оливер Спасовски и членката на ИО на СДСМ, Мелиса Ценовска Серафимовска.

– За СДСМ граѓаните и унапредувањето на нивниот животен стандард се врвни приоритети и тоа го покажуваме секојдневно на дело. Ги зголемивме платите и пензиите, а за дополнително да го заштитиме стандардот на граѓаните, ги намаливме и замрзнавме цените на основните прехранбени продукти. Благодарение на успешните економски политики, денес невработеноста е намалена за осум отсто, во нашата држава се реализираат рекордни странски инвестициими сето тоа е показател дека оваа, 2023 година е година на економски пресврт, порача Спасовски во Берово.

Во Пехчево меѓу граѓаните беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски кои пред присутните истакнаа дека СДСМ како одговорна партија вложува во секоја општина, во секое населено место, за да се унапреди квалитетот на живот на сите граѓани.

Последни вести