Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секојдневно бараат алиби за извесниот пораз на претседателските избори. Очајот и нервозата се толку видливи што во Белиот дворец, измислуваат, конструираат случаи во обид да најдат алиби за изборниот период.
Нивната очајност оди до таму што тие самите денеска цитираат извештај од ОБСЕ за изборите во 2014 година, каде се констатирани изборни неправилности направени токму од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ ќе остане запаметена како партија симбол на изборните нерегуларности и закани, притисоци и уцени врз гласачите. Доказ за тоа се и судските предмети што се водат против поранешни функциониери на оваа партија за кривични дели против изборите.
ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо освен матрица на лажни вести, измислици и конструирани непостоечки случаи.
Дел од таа матрица е и Гордана Сиљановска која лажно се претставува како натпартиски кандидат, која едно зборува наутро, а друго попладне.
На престојните избори ќе се судрат два концепта. Дниот на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска кои се на страната на одбрана на криминалот и враќањето на земјата во изолација и неизвесност и другиот концепт на напредок, развој и интеграција предводен од Стево Пендаровски.
Граѓаните на овие избори ќе изберат претседател кој обединува, кој работи исклучиво за државните и граѓански интереси, претседател за сите граѓани. Граѓаните ќе го изберат Стево за нов претседател, Мицкоски, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ можат да се подготват за пораз.
Скопје, 09.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА